
Плаќањето / Наплата во готовина од 2023 година
12 јануари, 2023
Одлуки за највисоки цени за тестенини и млечни производи и укинување царински давачки за тестенини
10 март, 2023Согласно со членот 110 од Законот за работните односи, работодавачот е должен да му издаде на работникот до 31 јануари Писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на платата за изминатата година од кои се гледаат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.
Обврска по Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување
Согласно со членот 22 став 2 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, обврзникот за пресметка и уплата на придонесите-работодавач за своите вработени и самовработено лице за своите вработени, согласно со прописите од областа на работните односи е должен да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на обврзникот за плаќање на придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок, како и збирен Годишен извештај по истекот на годината најдоцна до 15 февруари наредната година.
Со членот 28 од истиот закон е пропишана глоба во износ oд 1.700 евра во денарска противвредност за обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок доколку постапи спротивно на членот 22 став (1) од Законот за придонеси.




