Нашите совети ќе ви помогнат да ја подобрите работата на вашата компанија

 

business4-support-pic2

Сметководствени услуги

Врз основа на финансиската и материјалната документација која е доставена од Ваша   страна, истата се евидентира и прокнижува, и потоа се составуваат налози за книжење. Целокупната примена финансово - материјална документација се евидентира и прокнижува  преку конта. Во зависност од обемноста на Вашето работење истата може да се разложува на аналитички и субаналитички конта, како и по организациони единици сѐ со цел за поголема прегледност и подобар увид во работењето. За сите регуларно примени и доставени Ваши фактури, истите редовно се евидентираат книговодствено за да имате целосен преглед на Вашите побарувања и обврски.
Контактирај не

Пресметка на даноци

Вршиме пресметка на сите даноци на кои сте обврзани согласно Вашето работење во Македонија и откако ќе ги потврдите пресметаните податоци, со заверка или овластување, истите ќе бидат пријавени до надлежната институција.

Тука исто така спаѓаат и другите јавни давачки, кои ги подразбираат сите останати давачки према јавните органи и институции, на кои сте обврзани, а се во врска со Вашето работење.

Пресметка на ДДВ и пополнување на пропишан образец, одговорно и точно пресметување на излезно и влезно ДДВ;

Пресметка на месечна обврска за данок на добивка со изготвување на образец и известување за плаќање;

Пресметка на други приходи за физички лица и данок на личен доход за истите.

 

Даночен консалтинг

Нашиот тим, Ви стои на располагање, секој работен ден за ситуациите со кои се соочувате, предлагајќи Ви го најсоодветното решение за остварување на Вашата поставена цел.

Финансиски консалтинг

Нудиме финансиски консалтинг да ја започнете, одржите или продолжите Вашата бизнис цел.

Секој Ваш чекор зависи од Вашата уредност и амбиција во работењето, претходното искуство и новите идеи. 

Менаџирањето на финансиите е план за користење на средствата во еден успешен бизнис. 

Пресметка на плата

Согласно Вашите можности и потреби, нудиме пресметка на плата зависно од видот на Вашето работење, нудиме пресметка на плати, данок и придонеси за мали, средни и големи субјекти, како и пресметка на други приходи, согласно претходно договореното.

Пресметка на плата за вработените лица кај коминтентот;

Евиденција за пресметка на плата по вработен;

Пресметка и евиденција на исплатени надоместоци по вработен, со пресметка и плаќање на данок на личен доход, доколку постои основ за пресметување;

Составување на други извештаи

Во зависност од Вашето работење, одредени институции повремено бараат податоци за вашето работење (пример:НБРМ, Завод за статистика и други), кои извештаии и податоци доколку се договориме се доставуваат од наша страна со предходно Ваше известување или одобрување.

Други Услуги

Проверка на математичка исправност на излезни и влезни фактури;

Проверка на исправноста на влезните фактури од аспект на Законот за ДДВ, а ако на влезните фактури има ДДВ, проверка дали добавувачот е ДДВ обврзник;

Поврзување на влезните фактури со приемница на добра и услуги;

Изготвување на испратници за добра и услуги и нивно поврзување со излезни фактури;

Изготвување и употреба на шифрарник по видови на добра и услуги, како и шифрирање на работењето по профитни центри, работа која е возможна исклучиво во координација и соработка со коминтентот;

Регистрација на странски добавувач за задржување на данок;

Водење на евиденција за роковите на стасување за наплата и плаќање на побарувањата и обврските;

Водење на евиденција за роковите на стасување на авансните излезни и влезни фактури и нивно оформување во конечни;

Архива на документација за склучени деловни договори;

Изготвување на документи за порамнување на побарувања и обврски;

Пресметка и плаќање на данок на личен доход во сите случаи кога за тоа постои основ за пресметување;

Пресметка на камата за потребите на коминтентите;