
Одлуки за највисоки цени за тестенини и млечни производи и укинување царински давачки за тестенини
10 март, 2023
Дополнување на Правилникот за минимално- техничките услови во продажните објекти во кои се врши трговија на големо и мало на мало
13 април, 2023Согласно член 4 точка 5 од Законот за минимална плата, Министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ во „Службен весник на Република Северна Македонија“, во месец март секоја година, која ќе започне да се исплатува со исплатата на платата за месец март во тековната година.
Висината на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со:
50% од порастот на просечно исплатената нетоплата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и
50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Просечниот износ на исплатената месечна нетоплата за работник кој работи помалку од полното работно време се пресметува сразмерно со бројот на одработените часови во месецот.
Во просечниот износ на исплатената месечна нето-плата за работник, не се пресметува додатокот на плата за прекувремена работа.
Имајќи ги предвид претходните законски одредби за пресметување, почнувајќи од месец МАРТ 2023 година, МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ќе изнесува:
Минимална БРУТО плата = 29.739 денари
Минимална НЕТО плата = 20.175 денари
Зголемувањето на минималната бруто плата за износ од 3.317 денари ќе падне на товар на работодавачите, односно истото нема да биде субвенционирано од државата.
photo: Hyejin Kang/Shutterstock




