
Минимална плата – МАРТ 2023 година
16 март, 2023
Потсетување: неработни денови во АПРИЛ 2023
13 април, 2023П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНО-ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ ВО КОИ СЕ ВРШИ ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈА НА МАЛО
(Службен весник, 79/23 од 12 април 2023 година)
Со НАЈНОВОТО прво дополнување на Правилникот за трговските објекти, направена е дополнување само во членот 20 од основниот текст на Правилникот (290/22), кој се однесува само на ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ (МОЛОВИ).
Дополнувањата се со црвена боја и се во сила до 13 април 2023 година.
III. ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ (МОЛОВИ)
Член 20
Трговскиот центар (мол) покрај општите услови пропишани во членовите 3, 4, 5 и 6 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови:
да има најмалку 6.000 м2 вкупна внатрешна површина; (79/23, во сила од 13 април 2023 година)
да има соодветно означени најмалку еден влез и излез доколку е од затворен тип, со површина до 10.000 м2, а доколку е со површина над 10.000 м2 да има најмалку два влеза и излеза;
доколку е од отворен тип треба да овозможи лесен пристап од било која страна на влез и излез;
да располага со соодветен паркинг за возила според големината на трговскиот центар (мол);
да има товарен лифт за пренос на стоки, доколку продажниот простор е на катови;
да има лифт или подвижни скали (ескалатор) за потрошувачите доколку има најмалку еден кат;
да има најмалку еден женски и еден машки санитарен јазол на секој кат, со претпростор со мијалник со топла и ладна вода за потрошувачите, кои се видно обележени и
да има систем за информирање на потрошувачите.
Трговскиот центар (мол) треба да биде организиран и одржуван како една целина, составен од продажни и други објекти кои се поврзани со заеднички простории вклучувајќи пешачки патеки, сервисни простории, магацини и други помошни простории.
Продажните објекти од ставот 2 на овој член се: продавници, киосци и штандови во кои се продаваат следните видови на стоки: прехранбени стоки, облека,обувки, козметика, накит, книги, музика, играчки, спортска опрема, информатичко-технолошка опрема, декоративни и други видови на украси, електрични апарати за домаќинство, мебел, обезбедување услуги и друго.
Во трговскиот центар (мол) стоките од ставот 3 на овој член треба да се продаваат во најмалку 10 продавници и најмалку два штанда или киосци. (79/23, во сила од 13 април 2023 година)
Другите објекти во трговскиот центар (мол) од ставот 2 на овој член можат да бидат најмалку три од следните објекти: банка и банкомат, односно менувачница, аптека, кино, ресторан или штанд за брза храна, кафуле/кафетерија и видови забавни игри (игротека, куглана и друго).




