
Даночно признат расход за данокот на добивка по основ на Месечен надомест на членови на органи на управување и органи на надзор за 2024 година
29 февруари, 2024
За готовина – внесување, плаќање и изнесување девизи
13 септември, 2024Во рамки на Иницијативата ОТВОРЕН БАЛКАН (помеѓу Република Северна Македонија, Србија и Албанија), покрај другите области, договорена е соработка и во областа на слободно движење на граѓаните и слободен пристап до пазарот на труд.
Согласно склучениот Меморандум за разбирање и соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на труд како и Протоколот за имплементација на истиот договорните страни (Северна Македонија, Србија и Албанија) ја изразија својата согласност за:
-поедноставување на процедурите со цел обезбедување на еднаков пристап до пазарот на
трудот-вработување во страните договорнички;
-олеснување на движењето на граѓаните од 3-те држави за полесен и послободен пристап до пазарот на труд преку отстранување на работните дозволи и постапките поврзани со истото;
-развивање на соодветни системи за спроведување на вака утврдените цели (развиен систем за доделување на ОБ ИД број и електронска услуга за обезбедување на слободен пристап до пазар на труд).
Примената на услугата за слободен пристап до пазар на труд ќе започне од 05.03.2024 година.
❖ Постапка за добивање слободен пристап до пазар на труд
➢ Цеокупната постапка за добивање пристап до пазар на труд (од Барање до издавање Сертификат) се реализира електронски преку uslugi.gov.mk (за лице од Србија и Албанија).
➢ Сертификатот за слободен пристап до пазар на труд се генерира електронски од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (преку uslugi.gov.mk), односно во ниту една фаза до издавање на Сертификатот не се поднесува никакво Барање или било каква документација до Центрите за вработување и АВРСМ (нема посебна постапка која се води преку АВРСМ или Центрите за вработување).
➢ Сертификатот за слободен пристап до пазарот на труд се издава електронски, преку автоматизиран процес (преку uslugi.gov.mk), без водење на било каква постапка преку службени лица во АВРСМ односно Центрите за вработување.
❖ Како се добива слободен пристап до пазарот на труд?
• Слободен пристап до пазарот на труд во Република Северна Македонија за граѓаните до Србија и Албанија:
-лицето најпрво треба да се НАЈАВИ на националниот портал за електронски услуги во државата каде што е државјанин со цел барање за добивање на OB ID БРОЈ (во Србија: https://euprava.gov.rs/ во Албанија: https://e-albania.al/)
-откако на лицето ќе му биде доделен OB ID број (од државата каде е државјанин), лицето треба да се НАЈАВИ на порталот за електронски услуги во РСМ на https://uslugi.gov.mk
– на https://uslugi.gov.mk лицето пристапува кон услугата за „слободен пристап до пазар на труд“, каде може да поднесе БАРАЊЕ и да пополни ПРАШАЛНИК со цел добивање на слободен пристап до пазарот на труд во РСМ.
-Барањето и пополнетиот Прашалник се проследува до МВР (за потребите на издавање на единствен матичен број за странец)
-по доставеното Барање постапува МВР (во рамки на неговите надлежности) со цел издавање/генерирање на единствен матичен број за странецот.
-Генерираниот единствен матичен број за странец, од МВР, преку веб-сервис, се доставува до АВРСМ. За доставениот единствен матичен број за странец АВРСМ издава СЕРТИФИКАТ за слободен пристап на пазар на труд, којшто барателот го добива на својот профил на https://uslugi.gov.mk (единствениот матичен број на странецот се запишува во Сертификатот кој го издава АВРСМ)
-врз основа на издадениот Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд се овозможува пристап до вработување во Република Северна Македонија (на лице-странец државјанин на Србија или Албанија кој поседува валиден Сертификат за слободен пристап на пазарот на труд во РСМ)
-вработувањето на лице кое поседува валиден Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд се остварува со регистрација на М1 пријава на работниот однос на лицето (од Србија и Албанија) во АВРСМ (врз основа на валидниот Сертификат)
• Слободен пристап до пазарот на труд во Србија или Албанија за граѓаните од Република Северна Македонија:
-лицето од РСМ се најавува на https://uslugi.gov.mk со цел добивање OB ID број, при што лицето во својот профил („ВАШ ПРОФИЛ“) избира „Поднеси Барање за издавање на Open Balkan ID сертификат“. Со ова се овозможува користење на услугите на националните портапи за е-услуги во земјите-членки на Отворен Балкан (Србија и Албанија).
-врз основа на издадениот Open Balkan ID лицето (граѓанин на Република Северна Македонија) се најавува на националниот портап за е-услуги во државата каде сака да бара работа/да се вработи (во Србија или Албанија), согласно упатството за најава и остварување на услугата за слободен пристап до пазарот на труд во Србија и Албанија.
❖ Која е разликата помеѓу редовната постапка за пристап до пазар на труд и постапката овозможена преку „Отворен балкан“?
o Согласно Законот за странци и Законот за вработување и работа на странци пристапот до пазар на труд (работа/вработување) на странец во Република Северна Македонија може да се оствари врз основа на:
– издадено Решение за регулиран престој по основ работа (постапка пред МВР, во рамки на која постапка АВРСМ издава Мислење за состојбата на пазарот на труд и искористеност на квотата) и
– Работна дозвола за категоијата на странци кои по друг основ веќе имаат регулирано престој во Република Северна Македонија (се издава во постапка пред АВРСМ)
o Согласно Меморандумот, Договорот и Протоколот за слободен пристап до пазарот на труд, склучени помеѓу Северна Макеоднија, Србија и Албанија во рамки на Отворен балкан, се овозможува:
-поедноставена и олеснета постапка за пристап до пазарот на труд, односно вработување на граѓаните на овие 3 држави, и тоа на начин што истото е овозможено преку регистрација на вработувањето врз основа на Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд (издаден преку електронска услуга достапна за граѓаните на овие 3 држави).
❖ Други поважни информации:
-ОБ ИД бројот го издава државата каде лицето е државјанин
-Сертификатот го издава државата во која лицето бара работа / ќе се вработи
-надлежна институција за издавање на привремен матичен број на странецот е МВР, а надлежна инстуција за издавање на Сертификатот за слободен пристап до пазарот на труд е АВРСМ (единствениот матичен број за странецот кој го издава МВР се запишува во Сертификатот што се генерира од системот на АВРСМ)
-АВРСМ нема надлежност и ингеренции во постапката која се реализира пред надлежното Министерство за внатрешни работи за потребите на издавање на привремен матичен број за странец. Единствен предуслов за издавање/генерирање на Сертификатот за слободен пристап до пазар на труд е издавање на привремен матичен број за странец од страна на МВР.
-Слободниот пристап до пазарот на труд преку олеснетите процедури овозможени во рамки на Отворен Балкан може да се користат само врз основа на поднесено барање од лицето. Истовремено не може да се остварува правото на вработување во двете постапки (редовна постапка согласно Законот за странци и Законот за вработување и работа на странци и постапка согласно ОБ).
-врз основа на издадениот OB ID број, лицето може да се најави и побара издавање на Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд. Во овој Сертификат се запишува единствен матичен број на странецот, што е предуслов за регистрација на работниот однос на странецот.
-самото доделување на OB ID број не подразбира и овозможува и пристап до пазар на труд (слободниот пристап до пазар на труд односно вработување во некоја од државите потписнички се овозможува само врз основа на Сертификатот за слободен пристап до пазарот на труд)
– OB ID број не може да се користи за остварување на други поволности и права (во делот на слободен
пристап до пазар на труд) освен за потребите на електронска идентификација при најава за потребите на користење на електронските услуги во рамки на Отворен балкан.
-издадениот OB ID број подразбира единствен регистарски број за граѓаните од државите – договорни страни, генериран од страна на државата чиј граѓанин е лицето, во согласност со Договорот за взнаемно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен балкан. Истиот не може да се користи и служи како замена за ЕМБГ (кој е единствен идентификатор на ниво на лице во државата и тоа како за државјани, така и за лице странец). OB ID број единствено се користи за потребите на електронска идентификација при најава за аплицирање за услугите опфатени преку Отворен балкан.
-за сите дополнителни прашања кои не се уредени со горенаведените документи (Договорот и Протоколот за слободен пристап до пазарот на труд) ќе се применуваат националните прописи на државите-договорни страни.
-лицето кое сака да добие Сертификат за слободен пристап до пазар на труд во моментот на Барање за издавање на Сертификат не мора да биде физички присутно во државата во која бара слободен пристап до пазар на труд (услугата е електронска).
-лицето на кое му е издаден слободен пристап до пазарот на труд има право на работа/вработување во државата во која го побарал и му е издаден слободниот пристап до пазарот на труд. Ова подразбира дека лицето од Србија или Албанија кое има валиден сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Северна Македонија може да биде вработено, како и секој друг државјанин на РСМ и да биде пријавен во задолжително социјално осигурување (М1 пријава преку АВРСМ).
- Линк за информации и аплицирање за OBID: https://uslugi.gov.mk/
otvoren-balkan.nspx