
Регистрација пријавување и плаќање на данок на додадена вредност
20 декември, 2022
Пролонгирано ограничување на трговската маржа до 30 АПРИЛ 2023 година
29 декември, 2022Сл. Весник 274/2022
Законот ги содржи следните решенија:
- Се укинува почетокот на примената на прогресивното оданочување од 1 јануари 2023 година. Продолжува примената на оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10 %, односно 15 % за доходот од добивките од игрите на среќа,
- Се одлага оданочувањето на каматите од орочени депозити до денот на пристапување на Македонија во Европската Унија,
- Се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица,
- Се утврдува третман на непризнат расход на целиот износ на уплатената премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност;
- Отпочнува оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година;
- Се менува концептот на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот;
- Се прецизирааат одредбите кои се однесуваат на основата на оданочување на капиталните добивки и се уредуваат ослободувањата кај капиталните добивки.
- Се прецизира и уредува основaта за оданочување на немонетарните бенефиции по следните основи: користење на станбени згради или станови кои се во сопственост на работодавачот или кои работодавачот ги користи по основ на закуп или по друг основ; користење на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели, вклучувајќи и превоз од и до работно место и стекнување со хартии од вредност и учество во капиталот на работодавачот и кај поврзани лица со работодавачот, без надоместок или по цена пониска од пазарната;
- Се уредување постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице