
Донација за спортски ваучери
8 ноември, 2023
Нови правила за плаќање во готово
6 декември, 2023Согласно членот 35 став 1 алинеја 7 од Општиот Колективен договор за приватниот сектор (ОКДПС) утврдени се правилата за исплата на регрес за годишен одмор во приватниот сектор од областа на стопанството. Според нив, работникот има право на:
Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата (просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци), под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата.
Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.
Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.
Согласно горенаведеното Ве информираме дека Регресот за 2023 потребно е да се исплати заклучно со 31.12.2023 и истиот во моментов е со износ од:
Нето ———- 14.560,00 ден
Данок ——– 1.618,00 ден
__________________________
БРУТО 16.178,00 ден.