
Дозволено внесување /изнесување/плаќање со готовина (девизи и/или денари)
28 јуни, 2023
Новини и измени кои започнуваат со примена од стапувањето во сила на законот од 25.09.2023 година
28 септември, 2023Собранието на Македонија усвои ТРИ даночни Закони, Закон за солидарниот данок, и измени на Законот за ДДВ и Законот за данокот на добивка
Даночните закони денес, 19 септември 2023 година (вторник) добија поддршка во Собранието на Македонија.
Усвоени се измени на:
Законот за данок на добивка и
Законот за данок на додадена вредност, како и
Законот за данокот за солидарност.
Со измените на Законот за данокот на додадена вредност е извршено усогласување со Директивата на ЕУ по однос на местото на промет на услуги, воведување на концептот на даночен застапник и уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери.
Продолжена е примената на повластената стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели во рок од 5 години од изградбата.
Извршено е ревидирање на примената на повластената стапка на ДДВ, односно се намалува стапката од 18% на 5% за прометот на менструални производи и ќе стартува примена на повластена стапка од 10% кај дел од прехранбените производи кои не претставуваа основен дел од исхраната.
Се воведуваат и одредени новини кои ќе придонесат за поедноставување на постапката за наплата на ДДВ.
Со измените на Законот за данокот на добивка се врши проширување на даночната основа и се намалува административниот товар на компаниите преку симплифицирање на одредени процедури од системот на данокот на добивка.
Во Собранието покрај овие два закони, беше усвоен и Законот за данокот на солидарност
Овој данок ги опфаќа компании кои оствариле промет над 615 милиони денари во минатата година, а ќе го опфати делот кој претставува зголемување на добивката за 20% во однос на просекот од претходен 3-годишен период.