
Нови правила за плаќање во готово
6 декември, 2023
Отворен Балкан – Слободен пристап до пазарот на труд (информации)
18 март, 2024Даночно признат расход за данокот на добивка по основ на Месечен надомест на членови на органи на управување и органи на надзор за 2024 година
Согласно со член 9 став 1 точка 4 од Законот за данокот на добивка и член 4 став 2 алинеја 4 од Правилникот за данокот на добивка, оданочив е де-лот на трошоците по основ на месечни надоместоци на членовите на органите на управување над 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во РСМ (27.458 денари за 2024 година; 50% од 54.916 денари, Соопштение на ДЗС, бр. 4.1.24.17 од 22.2.2024 г.), при што како надоместоци на членови на органите на управување се сметаат:
месечен надоместок за членување, односно
месечен паушал за членување,
надоместоци за патни трошоци (превоз) и
надоместоци за дневни трошоци (дневница).
Со Правилникот за данокот на добивка (член 4 став 2 алинеја 4) е проширен опфатот на ова даночно ослободување и на:
членовите на органите на надзор.
Дефиниција според Правилникот: Како органи на управување се сметаат сите управни органи и органи на надзор согласно со Законот за трговските друштва (4.2.ал.4).
Важно: Според Mислење на УЈП број 16‐3470 од 14.5.2013 г., ова даночно ограничување во висина од 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во РМ се однесува и на исплатите на управителите на трговските друштва кои не се во работен однос кај друштвото ‐ исплатител.
Важно: Овој надомест се оданочува со данок на личен доход (персонален данок на доход).
Податоци за надоместокот за членување во управни и надзорни одбори за 2024 година
Данок на добивка
Даночно признат расход (бруто износ: Надомест плус персонален данок) за целите на данокот на добивка за 2024 година: 27.458 МКД
Персонален данок на доход
Нето надомест = 24.712 МКД,
ДЛД = 2.746 МКД,
Бруто надомест = 27.458 МКД
(24.712 + 2.746)
photo: https://punchng.com/how-multiple-taxation-cripple-businesses-companies-in-nigeria/