
ВАЖНО: Нови повисоки износи (надоместок) што се плаќаат на Централниот регистар за достава на годишната сметка за 2024 година
27 декември, 2024
Правила за исплата на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок за 2025 година
12 декември, 2025Месечниот износ на даночното намалување (месечно лично ослободување) за 2025 година изнесува 10.270 денари, а годишниот износ е 123.240 денари.
Даночното намалување се користи за пресметка на данокот на доход од плата, надоместоци на плата и пензија.
Новото даночно намалување прв пат ќе се користи за пресметка на платата за јануари 2025 година.
Поради промена на намалувањето, пресметката на минималната плата за јануари и февруари 2025 година ќе биде како што следи:
Бруто плата: 33.352
Придонеси од плата (28%): 9.338
Даночно намалување: 10.270
Данок на личен доход (33.352 – 9.338 – 10.270) x 10% = 1.374
Нето плата (33.352 – 9.338 – 1.374): 22.640




