
Најновите измени на Законот за Данок на личен доход
22 декември, 2022
Нова регулатив за благајничко работење од 2023 година
29 декември, 2022Во Службен весник на РСМ бр.283/2022 се објави изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со кое се пролонгира примената на ограничување на трговската маржа за одредени прехранбени артикли до 30 април 2023 г.
Според одлуката за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува највисоката трговска маржа:
во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало за следниве производи:
– леб бел (сечен на парчиња или цел),
– шеќер бел како и
– сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и
во висина до 10 % во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало за следниве производи:
– брашно од пченица – тип 400 и тип 500,
– макарони и шпагети од тврда пченица,
– македонски ориз бел,
– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,
– јајца од кокошка,
– урда,
– кравјо бело сирење и мешано бело сирење,
– кашкавал,
– кисело млеко и павлака и
– јогурт.
Продолжуваат да важат одредбите според кои:
– за производите утврдени со оваа Одлука нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови, односно полици (примарни и секундарни позиции) и за количински рабат за набавка,
-заради усогласување со оваа одредба од одлуката се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба во трговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало) или се склучуваат нови договори,
– производителите кои ги произведуваат горе наведените стоки се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.