
Казнена камата од 1 ЈАНУАРИ 2023 година
4 јануари, 2023
Надоместок од 2% за работа во недела и празник – рок 15 јануари 2023 година
4 јануари, 2023Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 год. се наплаќа надоместок за биоразградливите кеси за носење на стоки кој што од страна на трговците се прибира и уплаќа на квартална основа.
Евидентниот лист за продадени биоразградливи кеси се доставува квартално и за периодот октомври – декември 2022 г. се доставува до 15 јануари 2023 г.
Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци се испраќаат по пошта или се доставуваат лично до Архивата на МЖСПП на адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад
Плоштад „Пресвета Богородица„ бр. 3
1000 Скопје
Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари.
Надоместокот кој трговецот кој е ДДВ обврзник треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање изнесува 12,7 денари, без вредноста на ДДВ од 2,3 денари што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.
Трговците кои не се ДДВ обврзници се должни да го уплатат целиот надомест од 15 денари во корист на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Податоци за сметката:
Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока
Назив на примачот – Буџет на РСМ
Банка на примачот – Народна банка на РСМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110
Приходна шифра и програма – 718159 26
Образецот е пропишан согласно Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265/2021).